Захарова: Русија е разочарана од германското претседателство со Советот на Европа

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Берлин се однесува како предводник на антируските сили, а не водач на пан-европска организација, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Русија е разочарана од шестмесечното претседателство на Германија со Советот на Европа, посочи Захарова.

– Разочарани сме од германското претседателство во оваа структура, со чија помош беше организиран овој напад врз нашата земја. За сите шест месеци, Берлин не се однесуваше како водач на пан-европска организација, туку како предводник на антируските сили, ставајќи ги интересите на Унијата над целта утврдена во статутот на Советот на Европа, односно зајакнување на единството меѓу своите членки, изјави портпаролката на руското МНР.

Захарова го оцени како тажен фактот што Германија го заврши претседателството со одлука на Советот на министри за Крим, што претставува „колекција на лажни тврдења и апсурдни обвинувања” против Русија.

– Справувањето со такво наследство ќе бара многу напор од здраворазумските земји. Дали ќе можеме да се вратиме на агендата за обединување или нова криза е неизбежна, останува отворено прашање, заклучи Захарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот