Захарова предупредува: САД подготвуваат незаконска инвазија на Венецуела

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска предупреди дека „во секој момент е можна уште една незаконска американска инвазија” на Венецуела.

Пред неколку дена беше објавено дека американски безбедносни сили ќе бидат распоредени во Колумбија за да им помогнат на колумбиските сили.

– Зборуваме за неколку стотици таканаречени воени советници. Тоа се луѓе кои биле ангажирани во Авганистан и ова е првпат да се испраќаат такви специјални сили во Латинска Америка. Ретко кој може да верува дека тие ќе им помагаат, затоа што фактот дека тие се распоредени во близина на границата со Венецуела, укажува на заклучок дека може да се случи уште една нелегална инвазија на таа земја во секој момент, оцени Захарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот