Захарова: НАТО го поддржува режимот во Киев и ја демонизира Русија

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Алијансата не е заинтересирана за политичко и дипломатско решение во Украина.

Заедничката изјава, што вчера беше усвоена на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Букурешт, според неа укажува дека Алијансата не сака мирно решение во Украина.

„Формулацијата на оваа изјава укажува дека НАТО е апсолутно незаинтересиран за политичко и дипломатско решение во Украина“, рече Захарова.

Таа оцени дека НАТО продолжува да ја спроведува политиката формирана веднаш по државниот удар во Украина во февруари 2014 година, која вклучува „давање бланко поддршка на режимот во Киев и, соодветно, демонизирање на Русија со цел да се оправда самото постоење на Североатлантска алијанса”.

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО претходно на самитот во Букурешт изјавија дека ќе ја зголемат помошта за Украина, не само со воена опрема, туку и во реконструкција на критичната инфраструктура и зголемена заштита од ракетни напади.

Во нивното заедничко соопштение се наведува дека Русија сноси целосна одговорност за војната, кршењето на меѓународното право и принципите на Повелбата на ОН

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот