Захарова го нападна Борис Џонсон: Не е на власт, а продолжува да провоцира и поттикнува
„Иако повеќе не е на власт, Борис Џонсон продолжува да го разгорува конфликтот во Украина“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на поранешниот британски премиер за можно испраќање војници во Украина.
– И покрај тоа што се откажа од власта, Џонсон продолжува да провоцира и поттикнува – не може и не умее ништо друго – ја коментираше Захарова неговата изјава за руските медиуми.
Според неа, Велика Британија ги блокира сите обиди за изнаоѓање дипломатски решенија за конфликтот и отворено ѝ се спротивставуваат на Русија, „вклучително и во областа на тероризмот“.
„Не е првпат Британија да биде вклучена во антируски активности: соучесништво во терористички чинови, давање информации на режимот во Киев за планирање напади, испраќање припадници на специјалните служби за координација на борбени и терористички акти против Русија, како и како испорака на оружје“, рече Захарова.
Џонсон, кој беше премиер од 2019 до 2022 година, во интервју изјави дека Велика Британија би можела да испрати војници во Украина доколку Доналд Трамп, победникот на претседателските избори во САД, одлучи да ја намали финансиската и друга помош за Киев.