Захарова: Германија планира втора испорака на автоматско оружје во Косово, вредно над половина милион евра

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека постапките на Германија во Косово и Метохија се контрадикторни, бидејќи Берлин, од една страна, предупредува на организиран криминал во Косово и Метохија, а од друга страна доставува големи количини оружје во Приштина.

Захарова изјави дека до медиумите протеколо писмо од производителот на оружје „Хеклер и Кох“ и Сојузниот совет за безбедност на Германија за плановите за испорака на уште една серија автоматско оружје во провинцијата Косово и Метохија, вредно над половина милион евра.

Повторувам: „Уште една“, што значи дека ова не е прва (испорака на оружје) – истакна Захарова, како што пренесе Спутник.

Таа истакна дека, од друга страна, на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Германија, во делот за препораки за посети на странски земји, за т.н. државата Косово е напишано дека организираниот криминал е распространет таму, дека стотици илјади единици нелегално мало оружје се во приватни раце и дека факторите што ја ограничуваат нивната употреба се ниски.

Таквиот опис на ситуацијата таа го нарече апсолутно фер во, како што го нарече, криминален регион, кој едни го нарекуваат „земја на можности“, а други „црна дупка“.

– Ова често се случува кога со помош на западни покровители, суверената држава е подложена на насилна поделба со намера и со цел, без никаква правна основа – нагласи Захарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот