Захарова: Европските надежи се урнаа како Берлинскиот ѕид

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека денес се урнати надежите на европските држави дека ќе создадат обединета и просперитетна Европа, без линии на разграничување, кои се родија по падот на Берлинскиот ѕид.

– Поради падот на Берлинскиот ѕид, многумина се радуваа на мирна, просперитетна и обединета Европа, без линии на разграничување. За жал, таквите очекувања пропаднаа. Тие надежи се урнаа како Берлинскиот ѕид- изјави денеска Захарова на прес-конференција во Москва.

Според неа, мирот и безбедноста во Европа треба да бидат универзални и неделливи.

Таа рече дека Русија во својата надворешна политика секогаш ги почитувала и ќе ги почитува тие принципи и оти од партнерите очекува да се „најдат на половина пат”.

Утре се одбележуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид – еден од симболите на Студената војна. Ѕидот е изграден во 1961 година поради масовното преминување на луѓето од Источна во Западна Германија. Според одредени податоци, до почетокот на 60-те години на Запад пребегнале околу 1,6 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот