Захарова: Британскиот извештај е лажно врамена русофобија

Фото: ЕПА

Извештајот на Комисијата за безбеденост и разузнавање на британскиот Парламент за наводното руско мешање во внатрешните работи на Велика Британија се претвори во лажно врамена русофобиоја, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Уф, тоа не е сензација, туку едноставно лажно врамена русофобија – истакна Захарова.

Во денешното соопштение од Комисијата за безбедност и разузнавање на британскиот Парламент се наведува дека Русија презела активности за да влијае на исходот од референдумот во 2014 година во Шкотска.

Исто така, во соопштението на парламентарната Комисија се наведува дека врз основа на информации од добро информирани, веродостојни независни извори, може да се претпостави дека Русија настојувала да влијае на исходот од кампањата на Брегзит, но дека Владата во Лондон немала докази за руска вмешаност.

Во истиот документ, Русија е опишана како непријателска сила која им се заканува на Обединетото Кралство и западните сојузници на различни фронтови – од шпионажа и кибер напади до мешање во избори и „перење валкани” пари.

„Според сите извештаи, Русија смета дека Велика Британија е една од нејзините најзначајни разузнавачки цели“, се наведува во извештајот.

Претходно, Кремљ соопшти дека Русија никогаш не се мешала во изборните процеси на странските земји и одлучно, во неколку наврати, негираше дека се меша во внатрешните работи на западните земји, обвинувајќи ги САД и Велика Британија дека подлегнуваат на антируската хистерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот