Захарова: Британија планира да испрати ракети со осиромашен ураниум во Украина, тоа е југословенско сценарио

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска ги нарече „југословенско сценарио“ плановите на Велика Британија за испорака на муниција со осиромашен ураниум како воена помош за Украина.

„Југословенско сценарио. Овие гранати не само што убиваат, туку и ја заразуваат животната средина и предизвикуваат онколошки заболувања кај луѓето кои живеат во овие области“, напиша Захарова на „Телеграм“.

Таа оцени дека „наивно е да се верува дека жртви ќе станат само оние против кои ќе се користи“.

„Прво, војниците на НАТО, особено Италијанци, загинаа во Југославија. Потоа долго време се обидуваа да добијат отштета од НАТО за изгубеното здравје, но нивните барања беа одбиени. Кога ќе се разбудат во Украина? Не говорам за зависниците во Киев, туку за оние кои сѐ уште се способни да размислуваат. Нивните добродетели ги трујат“, вели Захарова.

Шефот на руската делегација на преговорите во Виена за прашањата за воената безбедност и контролата на вооружувањето, Константин Гаврилов, изјави дека во случај да му се достави муниција со осиромашен ураниум во Киев, Москва соодветно ќе реагира и додаде дека „одлуката на британските власти е уште еден чекор кон работ на пропаст и ескалација“.

Тој посочи дека Британците со своите постапки ги доведуваат во опасност обичните Украинци и посочи дека западните војски ја користеле таа муниција за време на бомбардирањето на Југославија и за време на инвазијата на Ирак, а како последица на тоа загинале повеќе од 1,2 милиони цивили.

„Лекциите од минатото повторно не се научени“, додаде Гаврилов.

Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај снабдувањето на Украина со главни борбени тенкови Челинџер 2, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати што содржат осиромашен ураниум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот