Захариевски: Пласманот на Струга ТЛ во Конференциската лига е награда за добрата сезона

фото: Струга ТЛ

Екипата на Струга Трим Лум, наредниот месец (8 јули) ќе дебитира во еропските купови, екипата ќе игра во првото квалификациско коло од новоформираната Конференциска лига. Противник на стружани е летонскиот Лиепаја, а првиот натпревар ќе се игра на 8 јули, додека реваншот е една седмица подоцна.

– Со одличната сезона минатата сезона се изборивме да играме во Конференциската лига. Не ни е важно дали противникот е идеален за европското деби, бидејќи мора да бидеме реални и доколку ги прашаме екипите на жрепките за европските купови – тие би не посакале нас – вели за „Слободен Печат“, тренерот на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски кој најавува дека неговиот тим ќе оди на победа над летонскиот Лиепаја и ќе биде вистински репрезент на македонскиот фудбал.

– Ние ќе одиме да играме фудбал, да се надигруваме и да бидеме вистински репрезенти на македонскиот фудбал. Се изборивме со една мачна сезона и сега е време да уживаме. Со добра игра се надевам дека ќе дојдеме до можност да го победиме тимот на Лиепаја и да се избориме за наптревари против ЦСКА Софија – потенција Захаривски.
Фото: Струга ТЛ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот