Захариевски: Гледам голема шанса во Купот да ја елиминираме Шкендија

захариевски
Тренерот на ФК Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски/Фото: facebook.com/Fcstruga

Денеска ќе се играат натпреварите од четвртфиналето во Купот на Македонија, истите беа презакажани од Фудбалската федерација на Македонија поради трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

Сите мечеви ќе започнат од 13.00 часот, на Градскиот стадион во Тетово, Шкендија е домаќин на Струга Трим Лум.

Тренерот на стружани, Срѓан Захариевски е свесен дека тетовските „црвено-црни“ ја имаат фаворитската улога, но неговите играчи нема така лесно да се предадат и ќе го дадат максимумот со цел на крајот дојдат до победнички резултат:

– Мислам дека Шкендија заедно со Шкупи како во првенството, така и во Купот се едни од фаворитите за трофејот. Против Шкендија сезонава одигравме 1:1, тогаш направивме неколку шанси и беше добар натпревар. Притисокот ќе биде на нивна страна, ќе играат на домашен терен. Гледам голема шанса во Купот да го елиминираме – ни изјави Захариевски.

Во другите три средби Пелистер Под Тумбе Кафе ќе го пречека Вардар, потоа кратовскиот Силекс за ривал го има составот на Брегалница од Штип, а Македонија ЃП на стадионот Ѓорче Петров се соочува со Шкупи.

Видео на денот