Захариева: Заплашуваат Бугари и во 21 век не им ги признаваат правата на самоопределување

epa08536510 Bulgarian Foreign Minister Ekaterina Zaharieva addresses a joint press conference following a meeting with her Czech counterpart, Tomas Petricek, at the Czernin Palace in Prague, Czech Republic, 09 July 2020. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Недопустливо е во 21 век некој да не го признава правото на самоопределување, изјави денеска за БНТ, Екатерина Захариева, вицепремиер и министер за надворешни работи во бугарската Влада. Предизборно таа одговараше на политички прашања на новинарот кој сподели анкета од гледачите на која од 25 дури 24 луѓе рекле дека спорот со Македонија нема да се реши. Захариева рече дека Бугарија има доследна политика и побара правда за Бугарите во Македонија.

„Ние сме многу доследни во политиката. Некои луѓе таму беа многу изненадени што кажавме „не“ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија сепак е иста од 2019 – сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите од македонска страна на Договорот за добрососедство со Македонија. Претходно имаше раздвижување во сите сфери, но од почетокот на 2019 година од кога станаа членка на НАТО почна недоследно исполнување, рече Захариева.

На прашањето за бугарските државјани рече дека тие 100.000 луѓе во Македонија често се заплашувани.

„Ние реагираме за секој случај и се надеваме дека тоа нема да се повторува. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Сепак недопустиво е во 21 век да не се признаваат права на самоопределување, рече Захариева.

Видео на денот