Зaхариева: Софија е против разделување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE VERHAEGEN / POOL

Бугарија е против разделување на Албанија и на Северна Македонија при започнување на преговорите за членство на двете земји во ЕУ, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева по средбата со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.

Захариева посочи и дека „бугарското малцинство е уште една можност што Бугарија треба да ја искористи за да и помага на Албанија”.

– Бугарија е подготвена да го поддржи со наставници и учебници изучувањето на бугарскиот јазик од нашето малцинство во Албанија, изјави Захариева.

Захариева и Цакај на средбата разговарале за европската интеграција на Албанија и за можностите за зајакнување на билатералната соработка во областа на транспорот, економијата и туризмот, пренесува БГНЕС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот