Захариева со пријателски совет до Петков: Намалете го малку ентузијазмот

Екатерина Захариева / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во последните неколку години, само за Коридорот 8 меѓу Бугарија и РС Македонија се потпишани три меморандуми, потсети поранешната бугарска министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на денешната дебата во бугарското Собрание, објави БГНЕС.

Захариева нагласи дека се потпишани најмалку 20 меморандуми за други области, но повеќето од нив останале на хартија и, како што вели таа, не се реализирани од страна на Скопје.

– Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате, рече Захариева и додаде: „Ова е пријателски совет, а не непријателски“.

За документите потпишани со РС Македонија, Захариева нагласи: „Да видиме што ќе следи од нив“.

Петков: Подготвуваме заедничко чествување на Гоце Делчев

Видео на денот