Захариева се надева дека Мешовитата комисија ќе продолжи да работи веднаш по завршување на изборите

ФОТО: МИА

Во врска со изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека кога ќе дојде на власт ќе направи корекции на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија, Захариева се надева дека ваквите изјави се дадени поради предизборниот период во земјава.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се надева дека Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања ќе продолжи со својата работа веднаш по завршување на парламентарните избори во земјава.

– Нашата позиција е јасна. Не сакаме да ги политизираме комисиите. Тоа е двостран процес. Тука ситуацијата е предизборна и тоа не е тајна за никого. Се надевам дека кога ќе завршат изборите, независно што ќе се случи на нив, веднаш комисијата ќе продолжи да работи затоа што тоа е исполнување на договорот што го потпишавме и покажува зрелост независно кој е на власт, изјави Захариева, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан во ОУ „Димитар Миладинов” во Скопје.

Во врска со изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека кога ќе дојде на власт ќе направи корекции на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија, Захариева се надева дека ваквите изјави се дадени поради предизборниот период во земјава.

– Имаше такви најави, но се надевам дека тоа е во знакот на предизборната кампања, рече Захариева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот