Захариева: Предлогот што го носат Силва и Вархеји не ја задоволува рамковната позиција на Бугарија

epa08536510 Bulgarian Foreign Minister Ekaterina Zaharieva addresses a joint press conference following a meeting with her Czech counterpart, Tomas Petricek, at the Czernin Palace in Prague, Czech Republic, 09 July 2020. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

„Имаме ли гаранции дека антибугарската кампања во Скопје ќе престане? Дали Република Северна Македонија повеќе нема да ги прогонува своите граѓани со бугарска самосвест? Дали на граница нема да попречуваат влез на бугарски книги? Дали нема да ги попречуваат бугарските инвеститори? Дали ќе емитуваат бугарска телевизија? Дали ќе запрат со црната кампања против Бугарија низ цела Европа? Јас овие гаранции не ги видов“, коментира Захариева.

Поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, вели дека предлогот кој утре во Софија ќе го донесат министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, а со кој би се одблокирал пристапниот процес за Северна Македонија, не ја задоволува рамковната позиција на Бугарија.

Таа вели дека целта на утрешната посета е јасна – претседателот Румен Радев и техничката влада која тој ја назначи да ја одобрат преговарачката рамка за Северна Македонија за да може да се одржи првата меѓувладина конференција и де факто да почнат преговорите за членство со ЕУ. Меѓутоа, според неа, во предлогот кој го носат европските претставници ги нема потребните гаранции.

„Обидот за постигнување компромис е јавна тајна во Брисел и тој циркулира низ ходниците на Европската комисија и светот. Се запознав со него и си дозволам однапред да го коментирам. За жал, предлогот повторно не одговора на рамковната позиција на Бугарија, прифатена од Владата и едногласно усвоена во парламентот бидејќи во него нема никакви гаранции дека нашите соседи ќе ги прифатат европските вредности. Имаме ли гаранции дека антибугарската кампања во Скопје ќе престане? Дали Република Северна Македонија повеќе нема да ги прогонува своите граѓани со бугарска самосвест? Дали на граница нема да попречуваат влез на бугарски книги? Дали нема да ги попречуваат бугарските инвеститори? Дали ќе емитуваат бугарска телевизија? Дали ќе запрат со црната кампања против Бугарија низ цела Европа? Јас овие гаранции не ги видов“, коментира Захариева на Фејсбук.

Таа вели дека утре со интерес ќе ги следи разговорите кои ќе се одвиваат за време на посетата на Силва и Вархеји и порачува дека бугарската дипломатија и под нејзино раководство било за проширување на ЕУ, но не на штета на некоја земја-членка.

„Ние го признаваме правото на самоопределување на граѓаните на Република Северна Македонија, како и нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но исто така е правилно тие да го признаат нашето заедничко минато. Само тогаш ќе можеме да одиме заедно напред“, порачува Захариева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот