Захариева: Новата методологија на ЕУ не треба да се користи како оправдување за ново одложување на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Се уште неусвоената нова методологија за проширување на ЕУ не треба да се користи како оправдување за ново одложување на одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Шефицата на бугарската дипломатија, која претпладнево присуствуваше на почетокот на проектот „Иднина без пластика” во ОУ „Димитар Миладинов” Скопје, појасни дека постои процедура во Европската комисија во однос на новата методологија, која се разгледува и во работни групи, по што оди на усвојување во Советот на ЕУ.

– Уште минатата година кога беше предложено да се изработи нова методологија беше кажано дека тоа не треба да го стопира процесот на проширување, уште повеќе дека новата методологија може да се применува и за земјите кои веќе го почнаа преговарачкиот процес. Се надевам дека усогласувањето и усвојувањето на методологија ќе се случи што е можно побрзо, но тоа не треба да се користи како аргумент за повторно одложување на одлуките за почеток на преговорите, истакна бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Таа денеска во Скопје ќе учествува на министерскиот состаноксо кој ќе биде означен почетокот на заедничкото претседателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот