Захариева: Не инсистираат сите во ЕУ да ја видат Македонија како членка на Унијата

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Бугарија повеќе од другите земји-членки на Европската Унија (ЕУ) и прекуокеанските земји сака Северна Македонија да стане членка на Еврозоната, но нашата поддршка не е безусловна, изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева во изјава за „БТВ“.

Тие не го исполнуваат Договорот за добрососедство, вели Захариева.

– Да се разбереме, да се изградат патишта, да нема говор на омраза. Два бугарски универзитета со години чекаа одобрување за отворање филијала, бугарските медиуми чекаат одобрување за емитување во Северна Македонија, вели Захариева.

Според неа, не инсистираат сите во ЕУ да ја видат Македонија како членка на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот