Захариева и Димитров утре ќе присуствуваат на „One Love Tour“ фестивалот во Струмица – Слободен печат
ВестиМакедонија

Захариева и Димитров утре ќе присуствуваат на „One Love Tour“ фестивалот во Струмица

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева утре доаѓа во еднодневна посета на Струмица, соопшти бугарското МНР.

Захариева заедно со шефот на дипломатијата на Северна Македонија Никола Димитров ќе присуствуваат на фестивалот „One Love Tour”. На настанот што е поддржан од УНЕСКО ќе бидат преставени традициите на двете земји и ќе настапат македонски и бугарски музчари.

Фестивалот „One Love Tour”, по Струмица, продолжува во Крива Паланка на 25 август, во Бургас на 7 септември, Варна на 7 септември, Скопје на 21 септември и во Стара Загора на 5 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close