Захариева: ЕУ не е Југославија, нема да потклекнеме на притисокот од Северна Македонија

Екатерина Захариева/ Фото: МИА

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева денеска гостуваше во утринската емисија на БТВ, каде повторно го даде своето мислење за европската интеграција на Македонија.

– Ниту една земја членка на ЕУ, ниту пак САД може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нам да ни наложи што да правиме во Унијата, рече Захариева за БТВ.

Османи и Захариева вчера се сретнаа во Софија, каде разговараа за акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на договарање на втората меѓувладина конференција меѓу владите на двете земји.

Османи – Захариева: Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на земјава

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот