Захариева е подготвена да разговара сериозно, но не и да ги прекинува дипломатските односи со Русија

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Ќе имаме многу сериозен разговор со рускиот амбасадор во Бугарија. Ова за Нова ТВ го изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи во оставка Екатерина Захариева по повод истрагата за руската трага во експлозиите во фабриките за муниција во Бугарија.

Таа истакна дека само за 1,5 година од Бугарија се протерани осум руски дипломати и увери дека реагира секогаш кога ќе се смета дека има неприфатливи и непријателски активности на територијата на државата. Според неа, Министерството за надворешни работи треба да направи анализа и да објави какви мерки ќе преземе во случајот.

– Ние сакаме да развиеме туризам со нив и да имаме еднакви односи, но тоа не треба да се случи по цена на националната безбедност на Бугарија, изјави Захариева.

Сепак, таа посочи дека не се планира повлекување на бугарските дипломати од Русија.

– Ние немаме интерес за прекинување на дипломатските односи со Русија.

Таа додаде дека и самата од вчера знае дека обвинителството работи на случајот. Според неа, откритието во Чешка стана повод да се побара врска со други случаи во Бугарија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот