Захариева: Бугарија наскоро ќе донира вакцини на Северна Македонија

Наскоро ќе донираме вакцини за Северна Македонија, кога ќе имаме доволно количества од ЕУ, вели министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот Ковакс, каде Бугарија е, исто така, учесник.

– Сега започнува редовното снабдување со вакцини од страна на ЕУ и се надевам дека наскоро ќе ја имаме оваа можност. Бугарија наскоро ќе достави вакцини во Северна Македонија, вели Захариева.

– Јас навистина сакам односите меѓу Бугарија и Северна Македонија да се вратат во нормала. Мислам дека ако ги намалиме емоциите, има начин да се најде договор, додава Захариева.

Таа ги коментираше и информациите од Северна Македонија, по објавата на тендерот за изградба на пругата до границата со Бугарија.

– Дај Боже, да има многу кандидати и да се изгради Коридорот 8, не е нормално да нема железничка врска меѓу двете земји. Осудени сме да успееме, категорична беше министерката Екатерина Захариева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот