Захариева: Бугарија ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ поради говорот на омраза

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во интервју за „Ефе“ изјави дека Бугарија го блокира почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија се додека не го напушти говорот на омраза кон се што е бугарско, пренесува БГНЕС.

„Проблемот со историјата е во тоа што погрешните и лажни толкувања на настаните и луѓето имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава говор на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, нешто што е апсолутно неприфатливо за нас“, објасни Захариева.

Вицепремиерката ја обвини македонската политичка елита дека ги потрошила 30-те години независност за да го стимулира тој говор на омраза, што на крајот се одразило врз обичните граѓани во земјата.

Бугарија никогаш не го негирала правото на постоење македонска држава, ниту нејзиниот суверенитет и желба да го нарекува јазикот како што сака, но сето тоа, нагласила Захариева, не треба да биде врз основа на лаги и негирања за начинот на кој е создадена нацијата.

„Република Северна Македонија има солидно искуство во непочитувањето на билатералните договори“, вели Захариева.

Според вицепремиерката, спроведувањето на договорот престанало откако земјата влегла во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот