Захариева: Антибугарската реторика во Македонија е заради изборите

Но, кога се стремите да бидете дел од европското семејство, на ниеден политичар не треба да му дојде на ум да зборува на таков начин, особено кон соседна пријателска земја, изјави Захариева за БНТ.

Антибугарската реторика во Северна Македонија е заради претстојните избори и националистичките ставови на некои политичари, смета шефицата на дипломатијата на Бугарија Екатерина Захариева.

– Дел од причината за антибугарската реторика во Македонија е националистичкиот пристап, кој е заради претстојните избори во земјата. Но, кога се стремите да бидете дел од европското семејство, на ниеден политичар не треба да му дојде на ум да зборува на таков начин, особено кон соседна пријателска земја, изјави Захариева за БНТ.

Вели дека таквата реторика во Македонија е проследена и со многу лажни вести за Бугарија и бугарските ставови. Смета дека најголем чекор назад во билатералните односи е прекинувањето на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

– Стопирањето на работата на заедничката комисија со Македонија – беше на нивно барање заради претстојните избори. Но, не го прифаќам аргументот дека работата на комисијата треба да запре пред изборите, бидејќи е составена од историчари, а не од политичари и никој не и дава политички инструкции, рече Захариева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот