Загубите на Русија се поголеми отколку во Сирија, Чеченија и Авганистан, тврди Зеленски

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во најновото ноќно обраќање, рече дека загубите на Русија во Украина се поголеми отколку во Сирија, Чеченија и Авганистан, пренесува Би-Би-Си.

Обраќајќи им се на Русите во Русија, Зеленски рече: „Руските сили трпат такви загуби во Украина какви што немаше ниту во Сирија ниту во Чеченија. Ниту советските сили претрпеа такви загуби во Авганистан”.

Неговата порака веројатно нема да ја слушнат многумина во Русија, каде информациите за војната се строго контролирани.

Не е познато како Зеленски дошол до тие податоци.

Додека Москва зборува за околу 500 убиени војници, американската разузнавачка служба проценува дека повеќе од 7.000 Руси загинале за време на инвазијата на Украина.

Според различни проценки, околу 15.000 советски војници биле убиени во авганистанската војна (1979-89), најмалку 13.000 руски војници во чеченската војна и неколку стотици во Сирија.

Зеленски: Русија стана терористичка држава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот