Загуби од Федерер, па го имаше најодвратниот можен изговор! (ВИДЕО)

Рожер Федерер триумфираше со 2:1 по сетови 6:7 (5), 7:5 и 10:7 против Ник Кирјос во новите пресметки помеѓу Тимот на Европа и тимот на светот. „Контроверзниот“ австралиски тенисер загуби во ревијалниот меч од Швајцарецот на „Лејвер купот“, а најде една необична причина да се оправда.

Во текот на саботниот меч, Австралиецот одлично започна, го освои првиот сет, а потоа се откажа, бидејќи му се допадна една девојка од трибините?!

Кога седна да одмори, Кирјос на својот тим на клупата му објасни…

– Ја загубив концентрацијата. Видов навистина добра девојка во публиката. Искрено велам, би ја оженил веднаш. Веднаш! – рече тој, а камерата беше доволно близу да го сними моментот.

Во останатите дуели Александр Зверев (Германија) загуби од Американецот Џон Изнер, а Рафаел Надал (Шпанија) триумфираше над Милош Раониќ (Канада).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот