ЗАГРИЖУВАЧКИ: Убер примиле повеќе од 3.000 обвиненија за сексуален напад во САД минатата година

Убер (Uber Technologies Inc) објави дека примиле повеќе од три илјади обвиненија за сексуален напад, вклучително и силување, поврзани со патувања во САД во текот на минатата година во која имало околу 1,3 милијарди возења.

Убер исто така објави дека бројките за минатата година покажуваат пад од 16 проценти на инциденти во однос на 2017 година во петте најсериозни категории на пријавен сексуален напад.

Извештајот беше објавен затоа што Убер е под голем притисок од регулаторите во многу градови, вклучително и Лондон, кој неодамна ја укина лиценцата за таа патничка услуга заради „зачестеност на пропусти“ за безбедноста и заштитата.

Убер наведува дека извештајот од 84 страници ја покажува посветеноста на компанијата за транспарентност со цел „зголемена одговорност и подобрување на безбедноста за Убер и целата индустрија”. Според нив,  99,9 отсто од сите нивни 2,3 милијарди возења во текот на 2017 и 2018 година завршиле без безбедносни инциденти.

Убер, компанија што работи во околу 70 земји, најави дека ќе го искористи она што го научи во изготвувањето на извештајот на САД за своите „следни чекори” во други земји, иако не се обврза да донесе нови извештаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот