Загрижувачки пораст на новозаболени од ковид-19 на третиот ден по делумното укинување на заклучувањето во Хрватска

Луѓе уживаат во сончевото време во локалните кафулиња / Загреб, 21 ноември 2020 / Хрватска / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 502 нови случаи на вирус ковид-19, а бројот на активни случаи во таа земја денес е 2219. Меѓу нив, 884 пациенти се во болница, од кои 82 се на апарати за дишење. Починаа 18 лица.

Во Хрватска веќе следната недела би можеле да пристигнат до два милиона руски вакцини

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно се евидентирани 238.501 лице заразено со новиот коронавирус, од кои 5.375 починале, вкупно 230.907 се закрепнале, од кои 224 во последните 24 часа.

Во Хрватска олеснети мерки за заштита од корона вирусот

Во моментов има 11.050 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 1.282.357 лица, од кои 7.348 во последните 24 часа.

Стејт департментот предупреди да не се патува во Црна Гора поради ковид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот