ЗАГРИЖУВАЧКИ: 228.000 Балканци лани се преселиле во ЕУ, повеќе од 10 отсто биле Македонци

Од Западен Балкан во земјите од ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 луѓе, покажуваат податоците на „Евростат“.

Од Србија во земјите на ЕУ отишле 51.000 луѓе, но сепак најмногу иселеници има од Албанија – 62.000 и БиХ – 53.500, пренесува „Вјести“ од Подгорица.

Од територијата на Косово се иселиле 34.500 луѓе, 24.300 од Северна Македонија и 3.000 од Црна Гора.

Од Северна Македонија минатата година најмногу иселеници има во Германија (11.500), а потоа следат Италија и Словенија.

Од Албанија најмногу луѓе се иселиле во Италија (23.000), Грција (17.000) и Германија (10 000). Повеќето луѓе од БиХ одат во Германија (16.000), Словенија и Хрватска.

Од Србија минатата година најмногу луѓе заминале во Германија (16.000), по што следат Словенија со 5.100 и Хрватска и Словачка со по 4.900 иселеници.

Од Косово повеќето луѓе заминале во Германија, речиси 19.000, што е повеќе од половина, а потоа следат Словенија и Италија.

Во однос на населението, највеќе иселувања има од Албанија, земја со население од околу 2,8 милиони, бидејќи ланските 62.000 заминувања чинат околу 2,2% од вкупното население.

Според статистиката, бројот на заминувања од нашата змја се на ниво од 2,1 процент од вкупното население, додека од Косово заминале два процента од граѓаните. БиХ лани ја напуштилe 1,5 проценти од населението, а Србија 1,3 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот