Загрижувачка статистика: За 36% зголемен бројот на убиени новинари

Новинари /фото: МИА

По неколку години последователен пад, бројот на убиени новинари ширум светот минатата година се искачи на 86, наспроти 55 во 2021 година, што претставува зголемување од 36 отсто, соопшти денеска организацијата на ОН за културно наследство УНЕСКО.

Повеќе од половина од убиствата се случиле во Јужна Америка и на Карибите, додека најголем дел новинари биле убиени во Мексико, а потоа во Украина и Хаити.

„Властите мора да ги удвојат своите напори за да ги запрат овие злосторства и да се погрижат напаѓачите да бидат казнети, бидејќи рамнодушноста е голем фактор во оваа клима на насилство”, рече генералниот секретар на УНЕСКО, Одри Азулај.

Бројот на убиени медиумски работници опадна во периодот од 2018 до 2021 година, а сега повторно е во пораст. Половина од новинарите не се убиени на должност, туку додека патувале или во биле во своите домови, соопшти УНЕСКО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот