Загрижувачка состојбата во Србија: 344 новозаразени од коронавирусот и 13 починати

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Во Србија денеска се регистрирани нови 344 случаи, и дури 13 починати како последица од компликации од Ковид-19.

Тестирани биле 8.659 лица. Хоспитализирани се 203 лица, а на респиратори се 170 пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Заради ширењето на епидемијата на коронавирусот, српскиот Кризен штаб денеска или утре треба да воведе две нови мерки кои би важеле на територија на цела земја – задолжително носење на маски и во затворен и во отворен простор и забрана за сите организирани собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот