Загрижувачка состојба во Премиер лигата, една петтина од фудбалерите се депресивни

Анкетата опфати 262 поранешни и сегашни играчи на најсилните англиски екипи.

Повеќе од една петтина сегашни и поранешни професионални фудбалери кои се анкетирани за време на пандемијата на коронавирусот изјавиле дека се депресивни или се наоѓале во опасност да се самоповредат, покажа истражувањето на Унијата на професионални фудбалери во Премиер лигата (ПФА).

Од ПФА разговарале со 262 поранешни и актуелни играчи во периодот од април до средината на мај за да го проценат влијанието на кризата кај фудбалерите и е откриено дека 57 од нив (22%) се чувствувале депресивно или размислувале да си нанесат повреди.

Податоците покажаа дека дури 69 проценти од испитаните фудбалери дека се загрижени за својата фудбалска кариера или за средствата за живот, додека 72 проценти редовно чувствувале нервоза или анксиозност.

– Тие не знаат дали ќе му се вратат на фудбалот, не знаат дали сезоната ќе се доигра, не се сигурни што се случува. Постојат и финансиски ситуации со екипите кои ги загрижуваат фудбалерите, а исто така постои и одложување на платите. Имаме неколкумина играчи кои живеат од платите и тоа емотивно влијае на нив. Исто така тука се и прашањата за здравјето – како ќе изгледа сето тоа доколку се продолжи сезоната? Дали ќе успее? Што е семејството? Има многи „што доколку“ прашања кои се наметнуваат – ги коментира резултатите од анкетата, Мајкл Бенет, директорот на ПФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот