-1.3 C
Скопје

Загриженост во Грција, Јанина и Серес во мини карантин

Поради лошата епидемиолошка слика грчките градови Јанина и Серес од денеска се во црвената фаза (зголемена опасност) односно во мини карантин, а по вчерашните рекордни 1.547 случаи на Ковид-19 во Грција, постои загриженост и не е исклучена можноста за дополнителни рестрикции, пред сѐ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Јанина и Серес, освен полицискиот час од 30мимнути по полноќ до пет часот, што е во сила за областите во портокаловата и црвената фаза, затворени се кафулињата, рестораните, кината, театрите, судовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите и слично, а продавниците остануваат отворени.

По вчерашните рекордни 1.547 нови случаи, Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција синоќа одржа вонреден состанок за да ја разгледа ситуацијата, додека пак претседателот на Националната организација за јавно здравје Панајотис Аркуманеас денеска е во Солун поради зголемениот број новозаболени.

Прочитајте и...  Анкета: Повеќе од половина православни верници би поддржале признавање на македонската црква под древното име Охридска архиепископија

За само три дена во Солун, беа регистрирани 759 случаи, од кои 384 вчера, што го вклучи алармот кај надлежните власти и не е исклучена можноста, градот од портокалова да премине во црвената фаза.

Паралелно со посетата на Аркуманеас, кој ќе се сретне со солунскиот градоначалник и префектот на областа Централна Македонија, во центарот на Солун од 10 часот утрово се мобилни единици на Националната организација за јавно здравје кои вршат бесплатно тестирање со брзи тестови за Ковид-19.

Интересот на жителите на Солун е огромен, со оглед на тоа дека од рано утрово има редици за тестирање.

Освен во Солун, ситуацијата со новозаразени е алармантна и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што во изминатите три дена беа регистрирани 974 нови случаи.

Прочитајте и...  Албанија ја отвори четвртата ковид болница, ќе има на располагање 100 кревети

Грчките епидемиолози не ја исклучуваат можноста во следните денови бројот на новозаболени дополнително да се зголеми, но ја истекнуваат и потребата да се воведат нови мерки.

Според грчките медиуми, новите мерки што ги разгледуваат епидемиолозите од надлежната комисија се: кафулињата и угостителските објекти да затвораат во 21 часот и полицискиот час да се воведе неколку часа порано, да се забрани движење меѓу регионите, да се зголеми работењето од дома.

Ситуацијата со коронавирусот во Грција се очекува да биде разгледана и на денешната владина седница.

Поврзани вести

Убил рецепционер заради Гучи ранец, го чека доживотен затвор

И.И.

ВИДЕО+ФОТО: Напаѓачот кој усмрти пет лица во Германија бил пијан и се лекувал од ментална болест

Слободен печат

Д-р Стевановиќ: Превентивното земање на антибиотици дефинитивно не е оправдано

Слободен печат

ВИДЕО | Бајден се обрати на милиони Американци: Помошта пристигнува

Слободен печат

Вашингтон пост: Трамп стана параноичен, колабира системот зад вратите на Белата куќа

И.И.

Д-р Стефановиќ: Гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда

Слободен печат

Остави Коментар