Загрижени во Далас, незгодна повреда на Дончиќ! (ВИДЕО)

фото:твитер

Лука Дончиќ во една негова соло акција, згазна на ногата на Кендрик Нан и настрада неговиот зглоб. На видео записот можете да го погледнете моментот на повредата на Дончиќ.

Итно беше префрлен во болница каде што после лекарските прегледи беше утврдено дека не станува за нешто посериозно.

Навивачите беа доста загрижени, како и тренерот Рик Карлајл кој најави дека играчот нема да игра во понеделник против Милвоки, сака во потполност да се опорави еден од неговите клучни кошаркари сезонава во НБА лигата.

Мечот заврши со триумф на Хитси после едно одиграно продолжение со 118:122, откако во регуларниот дел беше 112:112.

Кај стрелците за Мајами најдобро се истакна Батлер со 27 поени (седум асистенции), а на спротивната страна Хардавеј запиша 28 поени (пет скокови).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот