Загревање пред Ноќта на вештерките: Кајли Џенер како „Плејбој“ зајачица

Instagram

Се наближува Ноќта на вештерките, а ѕвездите веќе побрзаа да ги покажат своите костими. Некои имаат и повеќе костими па неделава се „натпреваруваа“ која ќе биде пооригинална.

За Кајли Џенер ова е вториот костим за годинава.

Instagram

Прво со својата пријателка Анастасија Караниколау го повтори настапот на Мадона и на Бритни Спирс од 2003 година, а потоа во истото друштво одлучи да се преправи во „Плејбој“ зајачица.

Кајли во септември годинава позираше за најпопуларното еротско списание, па оваа забава ја одржа во чест на тоа.

Нејзините пријатели беа залудени од нејзиниот костим, но сепак сите едвај чекаат да видат што подготвила за утрешната „официјална“ забава по повод Ноќта на вештерките.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот