Загребската берза купи 5,3 проценти од македонската берза

Загребската берза (ЗСЕ) објави денеска дека купила 148 акции на Македонската берза, што е 5,3 проценти од акционерскиот капитал на македонското друштво, по цена од 1.000 евра по акција.

– Трансакцијата е целосно финансирана од сопствени средства – соопшти Загребската берза.

На Загребската берза ова е второ купување на удел во регионална берза, откако во 2015 година се здоби со 100% од сопственоста на Љубљанската берза со стекнување од Виенската берза.

– Загребската берза ДД многу години успешно соработува со Македонската берза за размена на знаење и искуство, а и интензивно од 2014 година, кога заедно со Бугарската берза го основаше друштвото „СЕЕ Линк доо Скопје“, во која трите берза делат еднакви акции на сопственост – се наведува во соопштението ЗСЕ.

Соработката, како што додаваат, се интензивираше на почетокот од оваа година кога македонската берза потпиша ексклузивен договор за соработка со хрватската компанија „Funderbeam South-East Europe“, во која берзата во Загреб поседува 20 проценти од сопственоста, и е дел од естонската „Funderbeam“ група, која управува со платформа за финансирање на стартапи.

– Преку искуство во Хрватска и Словенија, ние сме свесни дека секоја регионална економија има силен национален пазар на капитал и во таа смисла ќе помогнеме да се зајакне улогата на Македонската берза во локалната економија. Веруваме дека оваа берза има значителен потенцијал за раст и ширење на палетата на производи и целта ни е активно да учествуваме во нејзиниот развој, особено во усогласувањето на македонското законодавство со европското, во кое имаме значително искуство – велат од Загребската берза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот