Загреб станува нов балкански центар за нискобуџетни летови: „Рајанер“ зимава ќе лета на 24 дестинации

Нискобуџетниот авиопревозник „Рајанер“ го претстави зимскиот ред на летање од и до аеродромот во Загреб, кој вклучува летови до 24 дестинации во 16 земји, јавуваат медиумите.

Исто така, компанијата најави дека ќе воведе и трет авион во својата база на аеродромот во декември, со што очекува околу милион патници на сите линии идната година, најави денеска претседателот на управниот одбор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири.

Заедно со постоечките 15 линии, од почетокот на декември компанијата ќе го поврзе Загреб со уште девет меѓународни дестинации, а трите авиони од типот Ербас А320 со капацитет од 180 седишта, ќе сообрааќаат од и кон: Баден Баден, Базел, Брисел, Дортмунд, Даблин, Диселдорф, Ајндховен, Франкфурт, Гетеборг, Лондон, Малага, Малта, Малме, Манчестер, Меминген, Милано, Неапол, Осло, Париз, Пафос, Подгорица, Рим, Софија и Солун.

Претставникот на „Рајанер“, О’Лири нагласи дека за разлика од домашната компанија „Кроација ерлајнс“, тие не добиваат никаква помош од државата, но и потенцираше дека немаат намера да го уништат хрватскиот национален авиопревозник. Тој рече дека „Рајанер“ сака „Кроација“ да биде „жива и здрава,“ како и дека немаат исти патници и не летаат на исти дестинации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот