Загреб и Динамо ќе градат нов „Максимир“

twitter/gnkdinamo

Договорот го потпишаа градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ и челниците на Динамо предводени од претседателот Мирко Баришиќ.

Одлучено е новиот „Максимир“ да се гради на местото на постоечкиот, а изградбата ќе ја финансираат градот и фудбалскиот клуб, а се очекува новиот стадион да биде готов за две години од стартот на изградбата. Предвидено е покрај новиот „Максимир“ да се изградат и помошни терени и атлетски стадион.

„По одлуката на собранието на фудбалскиот клуб Динамо може да се започне со наредната фаза за реализација на овој историски проект за клубот Динамо кој е икона на спортот во Загреб, на љубители на спортот и на сите жители на Загреб“, стои со соопштението на градот.

Претседателот на Динамо, Мирко Баришиќ уште минатиот месец изјави дека клубот веќе има неколку идеи како би требало да изгледа новиот стадион, но сепак ќе направат конкурс за архитектонско решение за да се запазат сите законски рамки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот