Загинаа осум цивили во воздушен напад во Авганистан

Авганистан војници/ Фото: ЕПА

Најмалку осум лица, најверојатно цивили, меѓу кои и едно дете, загина во воздушен напад во авганистанската покраина Нангархар, изјавија локалните жители.

Цел на нападот било возило во кое се наоѓале цивили.

Нападот следеше по изјавата на САД дека е остварен напредок во мировните преговори во Авганистан.

Портпаролот на гувернерот на покраината Нангархар потврди дека се случил напад, но не зборувал за бројот на жртви, додека портпаролот на талибанците Забинулах Муџахид тврди дека се убиени 11 лица.

Претседателот на САД Доланд Трамп вчера изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување на договор со талибанците во врска со намалувањето на бројот на американски војници во Авганистан.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека во претходните неколку дена е остварен важен напредок во преговорите, а американскиот министер за одбрана Марк Еспер истакна дека се преговарало за предлогот за смирување на насилството во период од седум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот