Загинаa двајца рудари во Тропоја, уапсен техничкиот директор на рудникот за хром

Двајца рудари на 43 и 41 годишна возраст вчера загинаа во рудник за хром во планинската област Лајтиза, Тропоја, северна Албанија.

Тие влегле да копаат руда во галеријата кога се урнале таванот и ѕидовите. Рударите кои биле надвор ја слушнале вревата и побрзале да ги изнесат колегите од галеријата, но 41-годишниот Адил Даути од село Гегај бил починат од повреди здобиени од камења кои се урнале врз него.

На местото на инцидентот пристигнала полицијата и заедно со неа екипите за спасување, но починат го нашле и Африм Жутај, 43-годишен од Кепенек, Тропоја.

Областа каде што се случи несреќата во рудникот е многу длабока планинска област која е исполнета со мали галерии под почвата богата со хромна руда. Тие се распространети низ целата област, а жителите на околните села работат во несоодветни безбедносни услови.

По несреќата уапсен е А.Р. 45-годишен жител на Бајрам Цури, технички директор на субјектот кој вршел експлоатација на хромна руда, поради непреземање мерки за техничко обезбедување. Тој ќе одговара за кривично дело „повреда на правилата за заштита при работа”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот