Загинаа четири лица, а 19 Сиријци се повредени

Повредените се пренесени во болниците во Нова Градишка, Славонски Брод и Пакрац.

Загинаа четири лица, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот А3, на северната страна кај Окучани. Службениците на полициската управа од Бродско-посавинската управа синоќа во 3.12 часот добиле пријава за превртен камион со регистарски ознаки на Република Србија.

Сообраќајот е привремено затворен по северната лента на автопатот, но и по јужната поради можност за приближување кон возила за итни случаи и укажување помош на повредените. Повредените се пренесени во болниците во Нова Градишка, Славонски Брод и Пакрац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот