Загина жена во пожар на островот Лезбос

Во пожар што изби неколку часа по полноќ во куќарка во рамките на отворениот бегалски камп „Кара Тепе” на грчкиот остров Лезбос, животот го загуби 27-годишна жена, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката противпожарна служба соопштуваат дека пожарот бил мал, а за време на гаснењето било пронајдено безживотното тело на жената.

Според локалните медиуми од островот станува збор за бегалка од Авганистан која во кампот живеела заедно со нејзиниот сопруг и трите малолетни деца. Мажот успеал да ги спаси децата од огнените јазици, а во обидот да ја спаси и жената се онесвестил и бил пренесен во болница, но е вон животна опасност.

Причината за пожарот е се уште непозната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот