Загина тракторист кај Македонска Каменица

Несреќа со трактор/ Фото: МИА

Вчра околу 14.30 часот било пријавено дека во Македонска Каменица, на место викано „Памарска маала“, Ќ.Р.(47) од селото Тодоровци загинал во несреќен случај. Според пријавата, Ќ.Р. додека возел трактор, од засега непознати причини земјоделската машина се превртела и го поклопила возачот, кој од внатрешните повреди починал на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица од Македонска Каменица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот