Загина совозач на патот Велес-Прилеп

Фото: Илустрација

Момче загинало во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Велес-Прилеп. Вчера во 22.30, во атар на село Присад, прилепско, возило „фолксваген голф” управуван од 26-годишната Д.Ш.од Прилеп, излетал од патот.

Во незгодата, сопатникот 35-годишниот М.Х. од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде починал. Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телесни повреди.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп – информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот