Загина најдобриот пилот во Украина, кој беше одликуван за храброст само неколку дена пред смртта

принтскрин: Твитер

Антон Листопад, кој ја доби титулата најдобар пилот на воено – воздухопловните сили на на Украина во 2019 година, загина во војната против Русија. Тој се вклучи во одбраната на Украина во првите моменти по руската инвазија на Украина објави преку социјалната мреѓа Фејсбук воената академија на која Листопад дипломирал

„Антон Листопад загина во одбрана на украинската држава. Во 2019 година, Антон беше прогласен за најдобар пилот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина. Патот на Антон на чело на борбен авион беше тежок, но значаен. Младиот човек тврдоглаво го следеше својот сон – да стане пилот, да лета високо на небото како птица и да ја набљудува убавината на Земјата со орелско око.На денот на 30-годишнината од независноста, милиони Украинци со восхит и гордост го гледаа летот на воздушната колона на воената парада над Хрешчатик Нашиот Антон беше водач на овој конвој“, се наведува во пораката.

Веста за загинувањето на Листипад ја објави и весникот „Киев Индепендент“. Според првичните сознанија Антон загинал во возушните битки , но не се наведува каде. Украинскиот престедател Зеленски му додели Орден за храброст само неколку дена пред пилотот Антон Листопад да загине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот