ТРАГЕДИЈА ВО КАВАДАРЕЧКО: Во сообраќајка загина 20-годишно момче

Момче загина во сообраќајна несреќа во Кавадаречко околу 4.00 часот изутринава, информираат од МВР.

– Сообраќајката се случила на регионалниот пат Дреново-Кавадарци, патничко моторно возило „Форд фокус” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.М. (20) од село Возарци-кавадаречко, излетало од патот – изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР. Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

На лице место биле и пожарникари од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот