Загина маж во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Едно лице починало во тетовската болница каде било донесено со повреди здобиени во сообраќајна несреќа, информираат од СВР Тетово.

Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 9 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар во близина на месноста „Манастирски ливади”.

Од сé уште непознати причини дошло до судар на возило „голф” со скопски регистерски ознаки што го управувал С.Р. (74) и „мерцедес” со тетовски ознаки што го управувал Л.Р. (72) од Горно Палчиште.

Возачот на „голфот“ со сериозни повреди бил пренесен, најнапред во гостиварската болница, а потоа во тетовската, каде околу 13 часот починал.

Извршен е увид на местото настанот и се работи на расветлување на поединостите кои довеле до несреќата.

Од СВР Тетово упатуваат апел до возачите да бидат повнимателни во утреинските часови заради појава на магла и одрони по клисурите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот