Загина маж во сообраќајка кај Виница

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Пешак загинал во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 10.20 часот на локалниот пат село Јакимово-Виница.

На влезот на просторот за паркирање на возила, патничко возило „шкода октавија“ со винички таблички, управувано од М.Ј.(29) од селото Лаки, удрило во пешакот М.Ј.(82) од село Грлјани.

Во незгодата М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар Штип, каде околу 18.50 часот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот