Загина шпанскиот репрезентативец Хозе Антонио Рејес

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Севиља, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, Хозе Антонио Рејес загина во сообраќајна несреќа.
Трагичната вест ја објави неговиот матичен клуб Севиља, поранешниот шпански репрезентативец го загубил животот во својата 35 година, во сообраќајна несреќа која се случила во родното место Утера.

Хозе Антонио Рејес кариерата ја започна во Севиља, а во 2004 година потпиша за Арсенал каде помина три сезони, од кои една во Реал Мадрид како позајмен играч. Во 2007 година се врати во Шпанија и тоа во Атлетико Мадрид. По четити години во мадридскиот тим, се врати во матичниот клуб, Севиља.  Во последните две сезони настапуваше за Еспањол, Кордоба, Синкјанг во Кина, а последен клуб во кариерата му беше Екстрамадура.

Со Севиља три пати триумфираше во Лигата на Европа, со Реал Мадрид победи во Ла Лига. Со Атлетико Мадрид  освои уште две титули во Ла Лига и една во ЛЕ како и УЕФА Супер купот. Во Англија беше дел од триумфите на Арсенал во ФА купот, а со Бенфика го освои Купот на Португалија.
За репрезентацијата на Шпанија одигра 21 натпревар на кои постигна четири гола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот