Загина едно лице во сообраќајка на патот Македонски Брод – Прилеп

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Едно лице загина, а едно е повредено во сообарќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово, откако патничко моторно возило „Опел Астра”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (66) од Прилеп, излетало од патот.

Како што соопшти МВР, во сообраќајката, што се случила во 16.40 часот, на местото на несреќата починал сопатникот В.Т. (71) од Прилеп, додека возачот М.Т. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот