Загина дете од кумановско Матејче

МВР денеска извести дека вчера околу 14.15 часот на локалниот пат Куманово – село Романовце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ управувано од В.Б.(29) од Куманово и возило „фолксваген голф“ управуван од И.Р. од кумановското село Матејче.

Во незгодата, на местото на несреќата починало четиригодишник од Матејче, сопатник во возилото што го управувал И.Р.. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово. Со полесни повреди се здобиле двајцата возачи и Љ.Ш., сопатничка на И.Р..

Фото: Кумановоњус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот